ОПИН – алатка за е-учество

Во периодот од 21-23 април 2023г. две наши членки учествуваа на обуката за „Дигитално учество и активно граѓанство (DigiPAC)“ во реализација на Коалиција СЕГА. Проектот има за цел да придонесе кон обезбедување ресурси и процес на градење на капацитети на заинтересираните организации кои планираат да ја користат алатката за е-учество на младите ОПИН.

ОПИН се користи како алатка за зголемување на младинското е-учество и влијае на подобрување на процесите на одлучување и креирање на политики и истата е достапна на 10 европски јазици.

Со користењето на ОПИН како алатка за е-учество и зголемување на младинската свест, младите ќе пристапуваат кон стандардите за младинско е-учество и ќе се развиваат во активни граѓани кои ќе придонесуваат во нивната заедница.

Нашите учеснички на обуката, ги зајакнаа капaцитетите за младинско учество, дигитално младинско учество и користење на ОПИН алатката, а потоа стекнатите знаења имаа можност да ги презентираат пред околу 30тина млади во општина Свети Николе.

Презентациите во форма на две работилници беа поделени на две сесии. Во првата сесија, учесниците беа запознаени со концептот на дигитална писменост и неговата релевантност за младинскиот активизам. Фасилитаторите објаснија, како дигиталните алатки, како што е алатката ОПИН може да се користат за да се создаде свест за социјалните прашања и да се мобилизира поддршка за одредени идеи.

Во втората сесија, учесниците беа запознаени со скалата на младинско учество и како тие можат повеќе да се вклучат во нивните заедници. Фасилитаторите ја истакнаа важноста да се биде ангажиран и активен во заедницата. Учесниците споделија идеи за проблемите со кои се соочуваат младите луѓе во нивната заедница и разговараа за тоа како можат да работат заедно за да ги решат.

Генерално, двете работилници беа успешни во подигањето на свеста за дигиталната писменост и младинскиот активизам. Младите луѓе кои присуствуваа на двете работилници беа мотивирани да се вклучат повеќе во својата заедница и да преземат активности за решавање на проблемите со кои се соочуваат.

Самите млади се вклучија во давање на идеи за дадените теми и со презентирање на алатката ОПИН им се посочи дека имаат можност да се вклучат во искажување на своите идеи и преку интернет мрежа.

*Активностите се дел од проектот ACTIon финансиран преку Ерасмус+ програмата, кој има за цел да помогне во промовирање на граѓанското образование, активно дигитално граѓанство и демократско учество на младите во формално и неформално образование, а во реализација на Коалиција СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен