Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе

  • Почетна
  • Новости
  • Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе

На 10.05. и 11.05 се одржаа четвртата и петтата работилница на тема „Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе“. На работилниците присуствуваа млади од општина Свети Николе, а истите ги фасилитираше Владимир Смилев – младински работник.

На четвртата работилница, нашите учесници се вклучија во рефлексивни дискусии за улогата и значењето на Локалниот младински совет. Заедно го истраживме процесот на законско формирање и ги разгледавме потребните документи за првиот чекор – свикување на Иницијативниот одбор, втор чекор – формирање на Локално собрание за млади и конечно, третиот чекор – формирањето на Локален младински совет. Оваа интерактивна работилница имаше за цел да даде јасност за целиот процес на формирање на Локалeн младински совет.

За време на петтата и последна работилница, работевме на изработка на лични и професионални биографии, заедно со мотивациони писма, кои се потребни за аплицирање за член во Локалниот младински совет. Заедно, навлеговме во основните компоненти на сеопфатното CV и мотивационо писмо, усогласувајќи ги според стандарди на EUROPASS. Со креирање примерок од CV и мотивационо писмо, имаме за цел да ги инспирираме нашите учесници и да ги зајакнеме нивните вештини потребни за во иднина.

Двете работилници завршија со забавен квиз, преку кој учесниците ги споделија и истакнаа научените лекции во текот на сесиите.

Цврсто веруваме дека овие работилници ќе одиграат клучна улога во формирањето на Локален младински совет во општина Свети Николе, а во согласност со Законот, придонесувајќи за подобрување на севкупната состојба на нашата младина. Зајакнувајќи ги нашите млади и обезбедувајќи им ги потребните алатки и знаење, замислуваме поинклузивна и попросперитетна општина Свети Николе.

Изразуваме благодарност до сите учесници кои направија овие работилници да бидат успешни.

Ги охрабруваме младите од општина Свети Николе да го искористат својот потенцијал и активно да учествуваат во Локалниот младински совет и сите процеси на локално ниво. ОЖОСВН е секогаш тука да ги поддржи вашите напори, идеи, иницијативи и заедно со вас, да ги застапува истите пред релевантните локални чинители.

Овие работилници се дел од проектот „Вклучени млади, силни заедници“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Коалиција на младински организации СЕГА.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен