ОЖОСВН организираше дводневна работилница за креирање на Правилник за функционирање на неформалната локална група за родова еднаквост. Работилниците се одржаа на 23 и 30 септември, од 12 до 18 часот.
Присутните, заеднички, со активно вклучување во конструктивниот процес, креираа Правилник за поструктурирано, одговорно и професионално функционирање на неформалната локална група за родова еднаквост, а ги дефинираа: визијата, мисијата, целите, вредностите, принципите и структурата на мрежата. Беа дадени и прецизирани предлози за начинот на функционирање, администрирање и за внатрешна и надворешна комуникација.
Атмосферата и на двете работилници беше позитивна, мотивирачка и плодна. Заеднички се одлучи првата година работата на групата да ја администрира ОЖОСВН, а се дебатираше и за именување на истата. Наскоро, очекувајте повеќе детали.
Работилниците ги модерираше фасилитаторката Гордана Несторовска.
Целта на оваа неформална група е да ги придвижиме работите на локално ниво кон подобро и да придонесеме кон унапредување на животот на секоја жена и девојка.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска