
До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање на понуда за техничка опрема (лаптоп)
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Локален компас кон еднаквост“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Шведска, има потреба од прибирање на понуди за набавка на техничка опрема – лаптоп.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
Спецификација на понудата:
Лаптоп со дополнителна опрема:
- пренослив компјутер 15,6/16” дисплеј
- бизнис модел – Elite или pro
- 16 GB RAM
- I5/I7 processor
- 512MB/1TB SSD HDD
- лиценциран оперативен систем Windows
- 1 маус
Вашата понуда може да вклучува неколку модели на лаптопи, со различни цени и од различни брендови кои со карактеристиките одговараат на нашето барање.
НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и со вклучена цена на испорака (ул: Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе). Понудата да го вклучува начинот на плаќање.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 13 март 2026 година (петок).
Со почит,
ОЖОСВН


