ОЖОСВН дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија”

  • Почетна
  • Новости
  • ОЖОСВН дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија”

Од 15-17 јануари, 30 психолози и социјални работници учествуваа на тридневна обука во Маврово, со цел подготовка за реализација на национална програма која ќе опфати повеќе од 20.000 средношколци од 108 средни училишта низ Македонија.

За проектот:

Проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македониjа” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Мрежа Стела, финансиски поддржан од  Британската амбасада во Скопје.

Цел на програмата

Преку оваа програма, средношколците ќе се стекнат со знаења за:

  • Што е кариера и како се гради кариерен пат
  • Клучните чекори во процесот на кариерно планирање
  • Што треба да се знае пред да се донесе кариерна одлука
  • Ресурси и алатки достапни за кариерно насочување

Претставничката на ОЖОСВН, Стефанија Арсова, ја проследи обуката и стана фасилитатор за кариерни сесии со средношколци. Во изминатиот месец, таа успешно реализираше кариерни сесии во пет средни училишта: две во Штип, две во Кочани и едно во Свети Николе. Работилниците беа успешно спроведени, а учениците покажаа ентузијазам и интерес, што ја потврдува потребата од ваков вид на едукација.

Менторски сесии

Во рамките на оваа иницијатива, со поддршка од Мрежа Стела, ќе бидат реализирани и менторски сесии во сите средни училишта во Северна Македонија. Овие сесии ќе бидат наменети за ученички во средните училишта со цел да ги мотивираат и насочат во градењето на нивниот академски и професионален развој. Преку нив, младите девојки ќе имаат можност:

  • Да разберат што претставува менторството и зошто е важно
  • Да се мотивираат за иден развој и напредок
  • Да добијат поддршка и насоки

Кариерното насочување и менторството се клучни алатки кои можат значително да влијаат на иднината на младите. Сесиите за менторство и кариерно планирање ќе продолжат да се реализираат во наредните месеци, овозможувајќи на младите подобар пристап до информации и поддршка во градењето на нивната иднина.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен