Младинската координаторка на ОЖОСВН, Стефанија Арсова, како локална менторка на ученичкиот парламент во СОУ „Кочо Рацин“, во текот на ноември и декември 2024г., успешно реализираше три едукативни работилници на следните теми:
- Комуникациски вештини – учениците стекнаа знаења за ефективна, ненасилна и асертивна комуникација;
- Истражувачки методи и алатки – запознавање со техники за идентификување и истражување;
- Развивање на ученичка иницијатива – со цел поттикнување на проактивност, тимска работа и ангажман во училиштниот живот, развивме конкретна иницијатива со буџет, план и цели
Како резултат на овие обуки, учениците започнаа со реализација на својата иницијатива, насочена кон создавање на „Клуб за безбедност и поддршка”. Досега се одржани четири тематски работилници:
- Врсничко насилство
- Ментално здравје: Емоционална интелигенција и емпатија
- Сајбер насилство и дипфејк
- Родова еднаквост и насилство врз основа на пол
Паралелно, во тек е средување на посебна просторија во училиштето – простор што ќе служи како „Клуб за безбедност и поддршка” каде учениците ќе можат да се одморат, дружат, забавуваат и учат во пријатна и безбедна средина.
Оваа активност е дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ кој во периодот септември 2023 – август 2026 година го реализира Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Прва Детска Амбасада во Светот МЕЃАШИ и СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации, со поддршка од Детската Фондација Песталоци.
Овој проект има за цел да придонесе кон остварување на правото на децата за квалитетно образование во безбедна и партиципативна училишна средина. Целта ќе се постигне преку: подобрена имплементација на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, зајакнати капацитети на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство и примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат заштита, учество и еднакви можности за сите ученици и ученички.
ОЖОСВН ќе продолжи да ги поддржува и гради капацитетите на младите и горди сме на ангажманот, креативноста и посветеноста на младите. Тие се доказ дека кога им се дава простор, поддршка и знаење – можат да создадат позитивни промени во својата заедница.