Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН) објавува повик за ангажирање на едукаторка/едукатор/ки за вклучување во програмата: „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата III“ поддржан од Фондацијата Квина Тилл Квина и Шведска.
Цел на програмата:
Целта на оваа програма е да поттикне доверба, лидерство и личен раст преку едукација на девојки на возраст од 15 до 17 години од општина Свети Николе. Кои потоа како менторки преку градење на трајни врски, ќе помогнат да ги водат „малите искри” (девојчиња на возраст од 9 до 12 години), низ животните предизвици, притоа нудејќи им охрабрување, инспирација и мудрост.
ПОВИК ЗА ЕДУКАТОРКИ
За ангажирање на едукаторки за спроведување на едукативни еднодневни работилници со млади, со фокус на лидерство, феминистички принципи и личен развој. Една едукаторка може да се пријави за една или повеќе од следните работилници:
- „Биди промена: води кон промена“ – стекнување на лидерски вештини и менторирање во пракса (втора половина на месец Април 2025г.)
Очекуван профил на едукатор/ка: Искуство во работа со млади, познавање на техники за развој на лидерство и тимска работа, врсничко менторство. - „Девојки во акција“ – стекнување знаења за женски права, родова еднаквост, еднакви можности и феминистички принципи (во тек на месец Мај 2025г.)
Очекуван профил на едукатор/ка: Познавање на родова еднаквост и феминистички пристапи, искуство во неформална едукација. - „Поседувај ја својата моќ“ – зајакнување на самодовербата и самосвесноста на девојките (во тек на месец Јуни 2025г.)
Очекуван профил на едукатор/ка: Психолог/педагог или обучувач со искуство во личен развој и ментално здравје.
Обврски на едукаторката:
- Подготовка и спроведување на интерактивни предавања и дискусии со 4 посебни сесии од час и половина;
- Поттикнување на дискусија, тимска работа и критичко размислување кај учесничките;
- Подготовка на пред и после тест за работиницата;
- Подготовка на извештај по завршување на работилницата.
Како да аплицирате?
Заинтересираните кандидатки треба да испратат:
- кратка биографија (CV);
- мотивационо писмо (со назнака за која/кои работилница/и аплицираат);
- претходно искуство во вакви и слични активности заедно со предлог методологија/агенда за работилницата.
Краен рок за пријавување: 16 април 2025г.
Пријавите испратете ги на womsvetinikole@yahoo.com со предмет: Пријава за едукаторка
За повеќе информации може да се обратите директно во канцеларијата на ОЖОСВН (Ленинова 1-1/4) или на 078615860 – кај Стефанија Арсова, младинска координаторка во ОЖОСВН.