Повик за девојки за учество на тридневен тренинг

ПОВИК ЗА ДЕВОЈКИ ЗА УЧЕСТВО НА ТРИДНЕВЕН ТРЕНИНГ

 за граѓански ангажман и вклучување на девојки и млади жени во заедницата

ДАТУМ: 17-20 јуни 2024 година

МЕСТО: ќе биде дополнително потврдено


ЗА ПРОЕКТОТ

Организација на жените на општина Свети Николе во периодот од 01/01/2024 до 31/12/2024 година го спроведува проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 3“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation од Шведска.

Тренингот „Граѓански ангажман и активно вклучување на девојките во заедницата“ има за цел да ја подобри свеста кај девојките и да ги зајакне нивните капацитети во однос на женските човекови права, родовата еднаквост и женскиот активизам на различни нивоа. Тренингот нуди можност да стекнете знаења и вештини кои ќе ве направат поактивни чинители во заедницата кои ќе може да се застапуваат за своите интереси пред релевантните и одговорни носители на одлуки. Со учество на овој тренинг ќе стекнете знаења и вештини за женски активизам и превземање конкретни акции и активности за поголемо блијание во својата локална заедница.

Тридневниот тренинг е наменета за девојки и млади жени од 10 општини (Свети Николе, Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Пехчево, Делчево, Кочани, Виница, Пробиштип) на возраст од 15 до 29 години.

Тренингот ќе се реализира во периодот од 17 до 20 јуни 2024 година, а местото на оддржување дополнително ќе биде потврдено.

УСЛОВИ И ОБВРСКИ ЗА УЧЕСТВО НА ТРЕНИНГОТ

Доколку сакате да бидете дел од овој тренинг треба:

  • Да сте девојка или млада жена на возраст од 15 до 29 години;
  • Да доаѓате од една од следниве општини: Свети Николе, Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Делчево, Пехчево, Кочани, Виница и Пробиштип;
  • Имате интерес за опфатените теми;
  • Сакате да бидете активни и самостојно да преземате иницијативи за промени;
  • Да сте комуникативни, отворени за учење, нови знаења и тимска работа;
  • Да сте членови на здружение на граѓани (не е задолжително).

ТРОШОЦИ

  • Проектот е финансиран од шведската фондација Квина Тил Квина.
  • Тренингот е бесплатен, а трошоците за сместување, храна, пат и потребни материјали во целост се покриени од Организација на жените на општина Свети Николе.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ

За пријавување, пополнете го формуларот на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScrI7h3R7uwCx43GRG961RDxDfM0bonZ5AFRDPWU5U0pIh2gQ/viewform?usp=pp_url

Краен рок за пријавување е 03 јуни 2024 година (понеделник).

Само пријавите пристигнати во предвидениот рок, ќе се земат во предвид.

За времето на пристигнување, местото на одржување и агендата на тренингот ќе бидат информирани само избраните кандидатки.

 

Доколку Ви се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на womsvetinikole@yahoo.com или кај проектната координаторка Јасмина Трајчева на телефон 078 305 814.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен