ОЖОСВН работи на остварување на своите стратешки цели

Процесот на креирање на новиот организациски стратешки план вклучуваше: ревидирање на постојниот стратешки план, комуникација со раководните и извршните тела, корисниците и членството во организацијата, како и испитување на реалните потреби и предизвици на кои ќе биде насочена работата на организацијата во следните 3-4 години. Потоа беше формирана работна група од 10 лица од различни организациски профили и функции (членови на извршната канцеларија, членови на Управниот одбор, волонтери, корисници итн.). Истите лица беа учесници на дводневна работилница за развој на организациски стратешки план, што се одржа од 10-12 јануари во х.Сириус, Струмица. Процесот го водеше надворешната експертка Афердита Имери која, освен што ги има потребното знаење и вештини за спроведување работилници и развој на стратешки документи, е запознаена и со работата на организацијата од самиот почеток, а од 2015 година е членка на Управниот одбор на ОЖОСВН.

Учесниците на работилниците најпрвин ја ревидираа визијата и мисијата на организацијата, работејќи во групи, заеднички дефинираа нови, подобрени и модернизирани организациски визија и мисија, развија стратешки цели и под-цели, активности, ресурси, итн. Исто така, беше дефинирана посакуваната позиција на организацијата во иднина и продолжи со дефинирање на целни групи и партнери. Последната работилница беше искористена за проценка на внатрешните организациски недостатоци, проблеми, потреби, можности и организациска поставеност, беше  направена SWOT анализа и беше дискутирана потребата за ребрендирање и модернизирање на организацијата, како и за подобрување на слабата видливост на OЖОСВН во јавноста воопшто.

 

Новите визија и мисија на ОЖОСВН се:

Визија: ОЖОСВН е водечка сила на женското и граѓанското движење која создава позитивни промени во општеството и придонесува за општа благосостојба на сите граѓани.

Мисија: ОЖОСВН активно работи за подобар квалитет на живот на граѓаните и граѓанките и почитување на човековите права со акцент на правата на жените и девојките.

Главните стратешки цели за периодот 2020 – 2024 година на OЖОСВН се:

1: Придонес кон подобра здравствена заштита на населението

2: Младите се препознаени во општеството како важни актери кои влијаат и придонесуваат за позитивни промени во заедницата

3: Придонес кон почитувањето и унапредувањето на човековите права, со акцент на правата на жените

4: Подобрена и зајакната работа на ОЖОСВН кон патот на самоодржливост.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен