Проект: Зајакнување на демокрaтијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество

  • Почетна
  • Проекти
  • Проект: Зајакнување на демокрaтијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество

Зајакнување на демокрaтијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество

pexels-fauxels-3184291

Времетраење: 02.04.2018 – 31.03.2020

Регион:  Вардарски регион (Свети Николе, Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија)

Имплементатори: Фонадација Kvinna till Kvinna, Скопје и Организација на жените на општина Свети Николе

Главна цел: Креирање на поволни услови за имплементација на Законот за еднакви можности на жените и мажите, како и интегрирање на родовиот аспект на ниво на политики.

Специфични цел 1: Зајакнување на капацитетите на локалните механизми за родова еднаквост и граѓанските организации со цел промоција на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

Специфични цел 2: Креирање на платформа за соработка помеѓу граѓанските организации, механизмите за еднакви можности и јавност во насока на поттикнување на заеднички родово-сензитивни иницијативи.

Активности:

  • Поддршка на 5 локални женски организации преку процес на суб-грантирање;
  • Имплементација на 3 тренинзи на темите: родова еднаквост, родова интеграција, мониторинг, евалуација и застапување, истражувачки алатки и методологија за 20 претставници на граѓански организации;
  • Истражување за проценка на потребите на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во петте таргетирани општини;
  • Годишни мрежни состаноци за 30 претставници на граѓански организации;
  • Изработка и објавување на споредбен извештај за работата на локалните механизми од петте таргетирани општини;
  • Имплементција на 5 тренинзи (родова сензитивност, алатки и методи за родова интеграција, родова анализа, родово буџетирање и проценка на влијанието на родот врз политиките) наменети за комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите, координаторите и претседателите на комисиите за еднакви можности во петте таргетирани општини;
  • Обезбедување на менторска поддршка и консултации за комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите и координаторите за еднакви можности во петте таргетирани општини;
  • Студиско патување во Шведска за 20 претставници на граѓански организации, претседателите и кординаторите на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите од петте таргетирани општини;
  • 10 фокус групи со 80-100 жени и девојчиња од рурални средини со цел идентификување на предизвиците и потребите со кои што тие се соочуваат;
  • Ревизија на работните програми на комисиите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во петте таргетирани општини;
  • 5 јавни форуми со 100 учесници на кои што ќе се дискутираат предностите на родово еднаквото општество;
  • 4 консултативни состаноци со чинители и носители на одлуки со цел лобирање за поддршка на 5 комисии за еднакви можности помеѓу жените и мажите;
  • Медиумска кампања;
  • Завршен настан

 

Вкупен буџет: 303.601 ЕУР

Буџет на ОЖОСВН: 50.833 ЕУР

Проектот е финансиран од Европската Унија

  • 10/04/2018

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен