Регионално јакнење за унапредени услуги кон маргинализираните заедници – трета регионална средба за вмрежување

  • Почетна
  • Новости
  • Регионално јакнење за унапредени услуги кон маргинализираните заедници – трета регионална средба за вмрежување

На 12.12 се одржа третата регионална средба за вмрежување „Регионално јакнење за унапредени услуги кон маргинализираните заедници“, на која присуствуваа претставници од релевантни институции од општините Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Регионалната средба беше водена од Билјана Бејкова. Дискусиите за време на регионалната средба се фокусираа на предизвиците и придобивките од соработката во различни сектори на локално и регионално ниво. Преку работа во групи, присутните се вклучија во конструктивни разговори, дискутирајќи за  предностите и предизвиците својствени за мултисекторска локална и регионална соработка. Исто така присутните го истражуваа развојот на модел за ефикасна мултисекторска локална и регионална соработка во Вардарскиот регион.

Постигнат беше консензус  за потребата од континуирана и добро координирана комуникација и соработка прво на локално, а потоа и на регионално ниво, како и развој на ресурси, но и поддршка од локалните самоуправи и континуирана соработка со граѓанските организации. Овој колективен пристап се сметаше за суштински со цел да се надополнат и обезбедат сеопфатните услуги за маргинализираните поединци.

Продолжуваме и понатаму активно да работиме на развивање на регионалната соработка помеѓу општините од Вардарскиот плански регион, а со цел унапредување на пристапот до правда и надминување на несаканите состојби кај маргинилизираните лица и заедници.

Оваа активност е дел од проектот „Не си сам/а – канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка 2“. Проектот е регрантиран од Коалиција Маргини и The Kvinna Till Kvinna Foundation, финансиран од Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен