На 19 февруари 2020 година, со почеток во 18.30 часот, ОЖОСВН реализираше настан за физички активности на членките од групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања.
Беа присутни 15 жени предводени од Ангеловска М.Тања, наставник по физичко образование и култура.
Целта на овој настан е преку разни вежби и техники да се поттикне здрав начин на живот кој, кај пациентките кои го победиле карциномот на дојка дава големи шанси за намалување на ризикот од повторно појавување на болеста, што е и научно потврдено.
Физичката активност има позитивни ефекти на човековото здравје и го подобрува психичкото расположение.
Покрај вежбите, од големо значење за жените се и дружењето и комуникацијата па, затоа, ваквите настани се и повеќе од добредојдени.
Овој настан е дел од активностите во рамки на проектот „Заедно во борба против ракот на дојка“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе.