Свети Николе во розево

Октомври е месец за подигање на свеста за превенција од рак на дојка, а во Свети Николе во текот на месецот по 3 пат се реализираше кампањата „Свети Николе во розово“ во организација на локалната мрежа „НИКА“ чија членка е ОЖОСВН.

Кампањата се состоеше од делење едукативни флаери, онлајн кампања за која беше креирано едукативно видео во кое учествуваа и самите членки на Мрежата, донирање крв во соработка со Црвениот крст, трибина и главниот настан, кој што се одржа на 15 октомври. Покрај членовите на мрежата, во кампањата се вклучија и Територијалната противпожарната единица и Доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, кои со своите противпожарни возила, со транспаренти низ градот алармираа за важноста од превентивните прегледи, а логистички помогна и Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ со своите членови. На самиот настан, волонтерски учествуваа локални музичари, диџеи и институции кои имаа свои настапи: мандолински оркестар „Свети Николај“, ФА „Јанко глигоров“, Танцов Спортски Клуб „БРЕЈК Д ФЛОР“, учесници од фестивалот „Штурче“ од Штип, ОУ „Кирил и Методиј“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Даме Груев“ – с.Ерџелија и DJ Огнен.

Кампањата, беше финансиски и логистички поддржана и од општина Свети Николе, а на самиот настан присуствуваа Градоначалникот и Советници од општина Свети Николе, како и пратеничката во македонското Собрание.

Линк од едукативното видео:

https://www.youtube.com/watch?v=CIa3HhkTRDQ

Раната детекција е клyчна, правете превентивни прегледи и самопрегледи!

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен