Траума, загуба и можности за нејзино надминување

На 26 март 2025 година во големата сала на Општината се оддржа работилница на тема „Траума, загуба и можности за нејзиното надминување“. Работилницата ја водеше психологот Емина Петкова.

Целта на работилницата беше да се поттикне свесноста дека трауматските искуства не ги одминуваат никого – тие може да се случат на секој човек, без разлика на возраста, полот или животната ситуација. Но, заедно преку разбирање и поддршка, можеме да најдеме начин да ги надминеме.

Повод за темата беше трагичниот настан во Кочани, каде што млади изгубија животи во несреќата. Ваквите трауматски искуства оставаат длабоки психолошки последици – страв, болка, несигурност и чувство на беспомошност. Понекогаш тие реакции се јавуваат веднаш, а понекогаш дури по недели, месеци или години.

На работилницата се разговараше за тоа како траумата влијае врз нас – физички, психички, духовно и социјално. Присутните жени споделија лични чувства и размислувања, како и начини на справување со болката. Беше посочена важноста на навремено препознавање на симптомите и барање стручна помош – од психолог, психотерапевт или психијатар.

Се разговараше и за улогата на сочувствителноста, солидарноста и поддршката која треба да ја даваме едни на други. Понекогаш, токму преку помагање на другите, ја пронаоѓаме сопствената сила и надеж.

Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025“, финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен