Важби со групата за самопомош

На 14.11 во салата во ОУ„Гоце Делчев“ Свети Николе се одржа работилница со вежби за релаксирање на горните и долните екстремитети. Работилницата беше одржана од физиотерапевката Марија Таушанова Стеванова.

Целта на оваа работилница е да ги мотивира жените да се ангажираат во секојдневно вежбање, кое е клучно за зајакнување на мускулатурата на градниот кош. Оваа мускулатура е основа за правилно држење на телото и спречување на болки, особено во грбот и вратот. Вежбите ќе им помогнат на учесниците да се заштитат од појава на лимфоедем во градниот кош, состојба која често се јавува по операциите на дојката и предизвикува оток, болка и ограничена мобилност.

Редовното вежбање не само што ја подобрува физичката состојба, туку и овозможува слободно движење на градниот кош, што е важно за нормално дишење. Силните мускули во оваа област обезбедуваат поддршка за правилна постура, а тоа го намалува ризикот од болка и други здравствени проблеми. Работилницата ќе ги научи учесниците како да ги вклучат овие вежби во својата секојдневна рутина, со што ќе постигнат подобро здравје, поголема енергија и подобрена мобилност.

Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен