На 18 и 22 ноември се одржаа двете организациски работилници за управување со проектен циклус и финансиско административно работење. Целта на овие обуки беше да се зајакнат организациските капацитети и да се следат организациските процедури во управувањето со проекти.
Работилницата со проектниот менаџмент ја водеше проектната координаторка Јасмина Трајчева, која објасни што се опфаќа проектниот менаџмент и која е обрврската на проектната координаторка во проектите. Проектната координаторка е задолжена и одговорна за управување со целиот проект. Управувањето со проекти вклучува планирање, организирање и надгледување на извршувањето на проектот за да се осигура дека ги исполнува неговите цели навреме и во рамките на буџетот. Клучните задачи вклучуваат дефинирање на целите на проектот, поставување на временски рокови, распределба на ресурси и управување со ризици. Ефикасната комуникација и соработката со засегнатите страни се клучни за да се одржи сè на вистинскиот пат.
Работилницата со финансиски менаџмент ја водеше Александра Тодевска која објасни кои се нејзините работи како финансиска соработничка. Финансиската административна работа се фокусира на управување со финансиската евиденција, буџетирање и обезбедување дека ресурсите се користат ефикасно. Тоа вклучува следење на трошоците, обработка на фактури и подготовка на финансиски извештаи. Клучен дел од оваа работа е одржувањето точни и ажурирани записи за поддршка на донесувањето одлуки и обезбедување усогласеност со прописите.
На самите работилници беа разгледани организациските документи кои се, или треба да се користат за професионална, навремена, унифицирана работа на сите преоектно вработени и ангажирани лица во организацијата. Воедно се разговараше за користење на организациски формулари за различни административно финансиски правила и регулативи кои ја олеснуваат работата во организација.
Овие обуки беа корисни за сите членови од ОЖОСВН да бидат упатени за работите во организација и кои се документи се потребни да се приложуваат на месечно ниво за подобро следење на работата на организацијата.
Оваа активност е финансирана од проектот Смарт Балканс.