19 ноември: Меѓународен ден на мажите во склоп на Моември – месецот на мажите

  • Почетна
  • Новости
  • 19 ноември: Меѓународен ден на мажите во склоп на Моември – месецот на мажите

Ноември, или „Моември“ е месец посветен на мажите. Кампањата по повод „Movember“ ги мотивира мажите да ги пуштат своите бркови да раснат во тек на месец ноември, како мотивација за сите мажи ширум светот да посветат поголемо внимание на своето физичко и ментално здравје.

16ти ноември, пак, е ден посветен на мажите, и тоа на интернационално ниво.

Меѓународниот ден на мажите ги охрабрува сите мажи да ги учат помалите момчиња за животот, вредностите, карактерот и обврските што ги има секој маж. Махатма Ганди има кажано дека „Мораме да бидеме промената што ја тражиме“, а тоа значи дека сите ние, и мажите и жените, мораме да се носиме по примерот на креирање на фер и сигурно општество кое секому ќе овозможи подеднакви можности за просперитет.

Годинава (2021), темата на Меѓународниот ден на мажите е „Подобри релации помеѓу мажите и жените“. Денот е посветен на светските лидери кои инспирираат и ја подигаат свесноста за/на мажите. Акцентот е ставен врз родовата еднаквост, со цел секојдневно да се трудиме да го урамнотежиме балансот „маж-жена“ во светски рамки.

За потсетување, родовата еднаквост е состојба на еднаква леснотија на пристап до сите ресурси и можности, без оглед на полот, а ги вклучува и економското учество и учеството во одлучувањето. За родовата еднаквост може да се каже и дека е и состојба на вреднување на различните однесувања, стремежи и потреби – подеднакво – без оглед на полот.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен