Подготвена анализа од истражувањето за потребите на жртвите на семејното/родово-базирано насилство во општина Свети Николе

  • Почетна
  • Новости
  • Подготвена анализа од истражувањето за потребите на жртвите на семејното/родово-базирано насилство во општина Свети Николе

ОЖОСВН во рамките на проектот „Институционалиризање на квалитетни услуги за рехабилитација и интеграција на жртви од насилство“ финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства на Австриската развојна соработка, а регрантиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, како дел од активностите спроведе истражување и подготви анализа за потребите на жртвите на семејното/родово-базирано насилство во општина Свети Николе.

Целта на анализата е да се идентификуваат клучните предизвици со кои се соочуваат жените-жртви на семејно насилство од општина Свети Николе, откако ја донеле одлуката да го напуштат насилникот, но се’ уште не го сториле тоа или, пак, веќе го напуштиле насилникот и живеат надвор од насилната средина.

Во процесот на истражувањето, преку прибираните податоци се идентификувани специфичните карактеристики на жртвите на семејно/родово-базирано насилство и нивните економски потреби, вклучително и потребите на нивните деца кои биле директни или индиректни жртви на семејно насилство, а ја напуштиле насилната средина заедно со нивните мајки.

Во подготвената анализа се сублимирани постоечките национални механизми и локални политики за поддршка на жените – жртви на семејно насилство и нивните деца, а претставена е и нивната достапност до целната група.

Анализата им беше презентирана и на тројцата кандидати за градоначалници на општина Свети Николе кои остварија средби со ОЖОСВН за време на предизборната кампања за локалните избори 2021 година.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен