Кандидатите за градоначалници на општина Свети Николе одржаа средби со ОЖОСВН

  • Почетна
  • Новости
  • Кандидатите за градоначалници на општина Свети Николе одржаа средби со ОЖОСВН

Во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе, за време на предизборната кампања за Локалните избори 2021, тројцата кандидати за градоначалници на општина Свети Николе остварија индивидуални средби со Претседателката и Извршната канцеларија на организацијата.

Првата средба се одржа на 7 октомври 2021 година, и на неа беа присутни кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Дејан Владев, со дел од кандидатите на нивната предложена советничка листа. Втората средба се одржа со независниот кандидат за градоначалник, Слободан Даневски и носителот на нивната предложена советничка листа, на 13 октомври 2021 година, а третата средба се одржа на 14 октомври 2021 година, со кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Сашо Велковски и дел од кандидатите за советници од нивната советничка листа.

   

Тројцата кандидати ги претставија своите програми, идеи и можности за потенцијална понатамошна соработка, се разговараше за важноста за соработка со невладиниот сектор и визијата за подобра општина за сите граѓани и граѓанки.

Со сите тројца кандидати беа потпишани Меморандуми за соработка преку кои двете страни се обврзуваат да ја подобрат и зајакнат соработката и заеднички, на траспарентен, професионален и партиципативен начин да влијаат на подобрување на родовата еднаквост на локално ниво и градење родово-сензитивна општина, подобрување на квалитетот на живот на ранливите групи и соработка во сите полиња за унапредување и заштита на човековите права и општата благосостојба на жителите на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен