На 18.06. во подрачното училиште во село Кадрифаково се одржа работилница на тема „Карцином на дојка, хемотерапија и остеопороза“. Работилницата ја водеше докторка Гордана Митева.
Целта на оваа работилница беше присутните да се информираат за ракот на дојката, како да вршат самопреглед на дојка, да се информираат кога се дава хемотерапија, да научат повеќе за остеопорозата и како таа се превинира и лекува.
Ракот на дојката е состојба во која абнормалните клетки во ткивото на дојката неконтролирано растат. Раното откривање во голема мера ги подобрува резултатите од третманот.
Дијагнозата вклучува различни методи како што се мамограми, ултразвук, скенирање со МРИ и биопсија. Мамограмите се рендгенски прегледи со кои може да се откријат абнормалности на дојката, додека ултразвукот и скеновите со МРИ даваат подетални слики. Биопсијата го потврдува присуството на канцерогени клетки.
Самопрегледот на дојките може да биде клучен за рано откривање на карцином на дојка. Тоа вклучува месечна самопроверка на градите каде може да се осетат било какви промени во големината, обликот или текстурата, како и присуството на грутки или дупчиња на кожата и дојките. Едукацијата на жените и девојките за тоа како правилно да вршат самопреглед им дава можност за самостојно следење на здравјето на дојките.
Хемотерапијата, која често се препишува по операција за отстранување на тумори, користи лекови за уништување на клетките на ракот. Може да се даде пред операција за да се намалат туморите или после да се елиминираат преостанатите клетки на ракот. Времето и видот на хемотерапијата зависат од стадиумот и карактеристиките на ракот.
Остеопорозата е состојба на ослабени коски и го зголемува ризикот од фрактури. Се развива кога густината на коските се намалува, правејќи ги коските кревки и склони кон фрактури. Фактори како возраста, полот (почесто кај жените) и начинот на живот влијаат на нејзиниот почеток. Третманите вклучуваат лекови за зајакнување на коските, промени во исхраната и редовно вежбање.
Превенцијата е клучна, а навременото откривање на ракот особено важно бидејќи ракот на дојката во рана фаза може да не предизвика забележителни симптоми како болка. Подвижноста на туморот и недостатокот на болка може да доведат до одложена дијагноза без рутински скрининг. Важно е да се нагласи дека никој не е имун и ракот на дојката може да се појави кај секого, но и ваќно е да се истакне фактот дека се повеќе млади заболуваат од оваа кобна болест.
Како заклучок, едукацијата за ракот на дојка вклучува подигање на свеста за неговите методи за откривање, важноста на редовниот скрининг и превентивни прегледи, улогата на хемотерапијата во третманот, разбирањето на остеопорозата и нејзиното менаџирање и нагласување на значењето на раното откривање за подобрување на резултатите и спасување животи.
Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2024“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.