До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање на понуда за промотивни материјали
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе, во рамките на проектот „Здрави животни навики – благосостојба на умот и телото“ финансиски поддржан Ambassade de France à Skopje има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
– држач за торба (200 парчиња)
– држач за мобилен (200 парчиња)
– Торба бела на собирање (200 парчиња)
– перниче за патување (200 парчиња)
– стаклено шише за вода (200 парчиња)
– џебно огледалце (200 парчиња)
– кабаница приврезок (на собирање) (200 парчиња)
Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведените производи со различен квалитет и цена.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата е-маил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 06.09.2024 (петок)
НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и пресметана испорака до Организација на жените на општина Свети Николе на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе.
Краен рок за достава на принтаните материјали е 20 септември 2024 година (петок).
Лице за контакт: Стефанија Арсова 078 615 860
Со почит,
ОЖОСВН