До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање на понуда за промотивни материјали
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation, Стокхолм, Шведска има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
- Џебно огледалце два принта во боја (логоа) – 100+ броја
- Платнена торба со можност за склопување со два принта во боја (порака и логоа) – 100+ броја
- Чадор на склопување два принта во боја (логоа) – 100+ броја
- Лепеза два принта во боја (логоа) – 100+ броја
- Мајца два принта во боја (логоа) – 10 броја
Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведените производи со различен квалитет и цена.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 10 октомври 2024 година (четврток) до 14 часот.
НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и пресметана испорака до Организација на жените на општина Свети Николе на ул.Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе.
Краен рок за достава на принтаните материјали е 21 октомври 2024 година (понеделник).
Со почит,
ОЖОСВН