Четврта регионална средба за вмрежување

На 25.09 се одржа четврта регионална средба за вмрежување,  на која присуствуваа претставници од релевантни институции од општините Велес, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

Регионалната средба беше водена од Билјана Бејкова. Дискусиите за време на регионалната средба се фокусираа на предизвиците и придобивките од соработката во различни сектори на локално и регионално ниво. Се дискутираше и за јаки и слаби страни на самите институции/организации, кои услуги ги нудат, за активноста на шелтер центрите во самите општини и колку се тие функционални, како и за недоволните човечки ресурси на ГО и на самите институции.

Во вториот дел од средбата самите учеснички се поделија во групи и дискутираа за можни решенија како да се подобрат услугите од општините од Вардарски плански регион за маргинализираните лица и лица во социјален ризик. Се покрена и дискусија како на локално ниво да допреме до одлучувачите на одлуки и како дел од препораките кои произлегуваат за унапредување на правата на маргинализираните лица и заедници да бидат застапувани пред нив и да се интегрираат во официјални општински/регионални програми и политики.

Продолжуваме и понатаму активно да работиме на развивање на регионалната соработка помеѓу општините од Вардарскиот плански регион, а со цел унапредување на пристапот до правда и надминување на несаканите состојби кај маргинилизираните лица и заедници.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna Till Kvinna.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен