До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање на понуда за техничка опрема (лаптоп)
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Зајакни ја промената: Подобрување на застапувањето преку медиумите“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation од Шведска, има потреба од прибирање на понуди за набавка на техничка опрема – лаптоп.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
Спецификација на понудата:
Лаптоп со дополнителна опрема:
- пренослив компјутер 15,6” дисплеј
- бизнис модел – Elite или pro
- 16 GB RAM
- I7 processor
- 512 SSD HDD
- лиценциран оперативен систем Windows
- 1 маус
- лаптоп торба
Вашата понуда може да вклучува неколку модели на лаптопи, со различни цени и од различни брендови кои со карактеристиките одговараат на нашето барање.
НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ и со вклучена цена на испорака (ул: Ленинова 1-1/4, 2220 Свети Николе). Понудата да го вклучува начинот на плаќање.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 18 јули 2024 година (четврток).
Со почит,
ОЖОСВН