
До: Сите заинтересирани страни
Предмет: Барање за печатење на прирачник
Почитувани,
Здружението Организација на жените на општина Свети Николе од Свети Николе, во рамките на проектот „Локален компас кон еднаквост“, финансиски поддржан од The Kvinna Till Kvinna Foundation од Шведска, има потреба од прибирање на понуди за печатење на Прирачник.
Вашата понуда треба да гласи до Организација на жените на општина Свети Николе и да содржи:
- Прирачникот е 62 страни, да се испечати во А4 формат
- Прирачникот да биде со спирала
- Предната и задната корица да бидат подебел картон/хартија
- Печатењето да биде во боја
- Внатрешните страници: офсет хартија
- Тираж: 200 примероци
НАПОМЕНА: Цените да бидат изразени во МКД со пресметан ДДВ.
Сите заинтересирани страни понудите треба да ги достават на нашата емаил адреса: womsvetinikole@yahoo.com или во просториите на Организација на жените на општина Свети Николе ул:Ленинова бр.1-1/4, Свети Николе, најдоцна до 12 март 2026 година (четвроток) до 14 часот.
Со почит,
ОЖОСВН


