Во периодот од 27 февруари до 1 март 2026 година, во Хотел Брана Градче, беше успешно реализирана обуката „Интеграција на родови перспективи во локални политики“, наменета за Советниците и претставници на локалната администрација на Општина Лозово.
Обуката беше насочена кон унапредување на знаењата и вештините за интегрирање на родовата перспектива во процесот на креирање и имплементација на локални политики и буџети. Учесниците имаа можност да се запознаат со:
- улогата на советниците на локално ниво,
- законските обврски и одговорноста на јавниот сектор во однос на еднаквоста и заштитата од дискриминација,
- циклусот на креирање на јавни политики,
- влијанието на јавните политики врз жените и мажите,
- видовите политики (неутрални, родово одговорни, специфични и трансформативни).
Преку интерактивна работа, групни задачи и анализа на стратешки документи, учесниците работеа на препознавање на локални проблеми и нивно преточување во конкретни програмски решенија базирани на податоци и статистика.
Во рамки на обуката беше презентиран и практичен прирачник кој ќе послужи како алатка во идното креирање на локални политики со интегрирана родова перспектива.
Обуката заврши со евалуација и заеднички заклучоци, при што беше истакната важноста од континуирана соработка и градење капацитети за поинклузивни, праведни и одржливи локални заедници.
Организацијата на жените на општина Свети Николе останува посветена на унапредување на родовата еднаквост и активно учество во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Оваа активност е дел од проектот на ОЖОСВН „Локален компас кон еднаквост“, поддржан од Kvinna till Kvinna Foundation и финансиран од UK International Development.








