ОЖОСВН, на 11 мај, одржа форуми за млади девојки од Пехчево и Кочани – за да ги запознаеме поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени. Фасилитаторка на овој форум беше Весна Попоска, експертка за родови прашања.
На учесничките им беше овозможен сигурен простор да ги споделат своите мислења за различни теми, вклучително и нивните искуства со кршење на правата и нивните незадоволени потреби. Заедно, тие се вклучија во отворени дискусии за важни прашања како што се човековите права, родовата еднаквост и граѓанскиот активизам. Тие, исто така, зборуваа за начините на кои би можеле да соработуваат и да придонесат за постигнување промени, не само за себе, туку и за поширокото општество.
Самите учеснички беа особено задоволни за ваквиот вид на активност, посветеното внимание кон нив, како и можноста отворено да разговараат за горенаведените теми за кои поинаку немаат простор и можност да се искажат. И на двата форуми, учесничките, како и дел од професорките кои беа присутни на истите истакнаа дека многу би сакале почесто да се организираат вакви настани, а се мотивираа и сами да се организираат и имаат повеќе вакви настани во нивните училишта.
Нашата надеж е дека нивните дискусии ќе доведат до опипливи резултати и позитивни влијанија во нивните заедници, а ОЖОСВН е тука за да пружа поддршка каде е потребно.
Благодарност до училиштата ОСУ Ацо Русковски од Берово со подрачно училиште во Пехчево и СОУ Љупчо Сантов во Кочани, кои ни излегоа во пресрет и ја поддржаа оваа наша активност, а ние остануваме посветени на нашата работа и продолжуваме со идна соработка.
Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.