„Биди активна за родово еднакво општество!“ – форуми реализирани во Велес и Неготино

  • Почетна
  • Новости
  • „Биди активна за родово еднакво општество!“ – форуми реализирани во Велес и Неготино

ОЖОСВН, на 22 мај, одржа форуми за млади девојки од Велес и Неготино – за да ги запознаеме поблиску со женските човекови права, родовата еднаквост и како да станат активни општествени чинители кои прават позитивни промени. Фасилитаторка на овие форуми беше Весна Попоска, експертка за родови прашања.

На учесничките им беше дадена сигурна средина за да ги изразат своите размислувања за различни теми. Тие отворено разговараа за значајни прашања како човековите права, родовата еднаквост и зошто е потребно да се биде активна граѓанка која ги застапува сопствените и интересите на останатите жени. Овие теми се дел од брошурата „Јаки жени ја јакнат заедницата“ која беше презентирана и на самата работилница.

Форумите и во двата града беа исполенти со дискусија за секојдневните стереотипи, предрасуди и дискриминација кон жените, како и општествените и традициските норми наметнати од средината. Истовремено овие форуми поттикнаа и мотивираа дел од учесничките да се поборбени во застапување на своите ставови и мислења. Учесничките потенцираа дека ваквиот формат на настани, каде отворено може да си ги кажат своите мислења, активно да учествуваат и да се вклучат треба да има повеќе и почесто на овие и на други теми.

Благодарност до претседателката на Локалниот младински совет и Младинскиот Центар од Велес, како и до нашите партнери, Здружението Еко вита од Неготино и општина Неготино за организацијата и отстапениот простор за настанот.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен