Дводневен тренинг за стекнување знаења и вештини за родова интеграција

  • Почетна
  • Новости
  • Дводневен тренинг за стекнување знаења и вештини за родова интеграција

Како дел од проектните активности за поголема видливост и работа на неформалното локално тело за родова еднаквост, а со цел градење на родово-сензитивна општина каде жените и девојките ќе бидат активно вклучени и целосно интегрирани во сите општествени процеси на различни нивоа, беше спроведен дводневен тренинг за стекнување знаења и вештини за родова интеграција.

На тренингот беа присутни по две претставнички од секоја институција/организација – членка на неформалната група која, пак, беше формирана во септември 2019 година на иницијатива на Претседателката на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Советот на општина Свети Николе (КЕМ) и координаторката за еднакви можности во општина Свети Николе.

Тренингот се одржа од 12ти до 14ти јули 2021 година во Струга, а го водеше експертката за родова интеграција Гордана Несторовска.

 

Претставничките од институциите/организациите (образовни институции, актив на пензионерки, претставнички од женските активи на политичките партии, граѓански организации, КЕМ и локална самоуправа, дом на култура) кои учествуваа и изразија желба да бидат дел од оваа неформална група за застапувањ

е на правата и интересите на целните групи кон унапредување и промовирање на родовата еднаквост и женските права на локално ниво, на овој тренинг имаа можност да ги подобрат своите и да стекнат нови знаења за родова интеграција, да разменат искуства и да поттикнат идеи и иницијативи за заедничка соработка и делување.

Оваа група ќе продолжи и понатаму да се развива и да ја унапредува својата работа на локално ниво преку активности кои следуваат во текот на оваа и следната година.

 

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен