EcoIslandWave младинска размена

Во периодот од 08.10 до 16.10.2023 во Задар, Хрватска се одржа EcoIslandWave – младинска размена, како дел од Еразмус+ програмата, а реализирана од носителот на проектот Carpe Diem, Карловац – Хрватска. На тренингот, учество зедоа по пет претставници од 5 држави (Хрватска, Македонија, Шпанија, Бугарија, Босна и Херцеговина). Како партнер на проектот, Организација на жените на општина Свети Николе, на младинската размена ја претставуваа нашите волонтерки: Александра Николовска, Евгенија Тасева, Теодора Анѓелова, Мери Карадаковска и Тамара Љубева. Главната тема на тренингот беше учење за одржливоста и споделување на знаење за важноста на подводниот биодиверзитет и брегот.

На првиот ден од тренингот, учесниците се запознаа меѓусебе преку забавни игри, а подоцна и се запознаа со целосната Еразмус+ програма и Youthpass сертификатот. Вториот ден веќе имаа приготвување на Хербариум, а подоцна имаа и интернационална вечер каде претставниците ја презентираа културата и традициите на нашата држава, како и работата на ОЖОСВН. Во наредните денови имаа работилници организирани од државите учеснички (изработка на рамки од морскиот биодиверзитет: школки, каменчиња, дрвца, алги…, интервјуирање на жители и туристи што прават по повод зачувување на природата, активност за подигање на свеста за проблемите во Бугарија, дебата…).

Нашите учеснички ја реализираа работилницата наречена „Web of life” (Мрежа на живот). Секој од учесниците имаше дадена улога во природата (животно, предмет, средина..) и со помош на коноп беше направено синџир со сите улоги (секоја улога има некаква конекција со друга улога) и во еден момент сите ја пуштија мрежата направена на земја и се виде дека нема можност да се направи истата мрежа пак. Целта на работилницата беше да се подигне свеста дека ако една единка од синџирот го напушти синџирот, во природата ќе има големи промени и дека сé зависи едно од друго.

Учесниците поделени во групи, во текот на тренингот, практикуваа различни методи, преку кои со другите групи претставници, преку неформално образование дискутираа и учеа за морскиот свет. А секој ден, по завршување на вежбите имаа рефлексија каде во групи дискутираа за изминатиот ден и искажуваа свое мислење за секој дел од денот. Претставничките се запознаа и формираа многу пријателства со другите претставници, што е една и од целите на овие размени.

Фасцилитаторот на тренингот, покажа големо познавање на темата, беше многу креативен и секоја информација беше корисна. По завршувањето на тренингот и средување на знаењата и впечатоците, секој од учесниците во своите матични организации, направија десиминација на знаењата користејќи методи кои што ги научиле за време на тренингот и новите вештини кои ги имаат стекнато и подобрено.

Нашите волонтерки дисиминацијата ја реализираа на 23 ноември, во форма на работилница, пренесувајќи ги стекнатите знаења на околу дваесетина свои врсници.

 

 

 

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен