Еднодневна обука за „Менторки на иднината” – четврта работилница

  • Почетна
  • Новости
  • Еднодневна обука за „Менторки на иднината” – четврта работилница

На 05 јуни 2025 година, ОЖОСВН ја реализираше четвртата и последната предвидена работилница во рамки на програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“ наменети за „менторки на иднината“.

Насловот на оваа работилница беше „Поседувај ја својата моќ“, наменета за поттикнување личен развој, емоционална интелигенција и лидерски потенцијал кај младите девојки. Со цел младите девојки – „Менторки на иднината“ преку примери, интерактивни вежби и улоги, во инспиративна атмосфера исполнета со енергија и желба за учење, учесничките стекнаа подлабоко разбирање за себеси, своите чувства и однесувања, како и да изградат вештини што ќе им помогнат да бидат стабилни, сочувствителни и сигурни лидери во своите заедници.

Работилницата им овозможи на девојките да:

  • ја препознаат и прифатат својата внатрешна сила,
  • развијат самосвест и саморегулација,
  • ја изградат внатрешната мотивација и отпорност,
  • вежбаат емпатија и социјални вештини преку комуникација и тимска работа.

Во свет кој се менува брзо и често поставува високи очекувања кон младите, овие алатки се клучни за менталната благосостојба и самоувереност.

Преку интерактивен пристап, дискусии и креативни вежби, учесничките истражуваа:

  • Самосвест – преку техники за препознавање и именување на емоции, работеа на разбирање на личните реакции;
  • Саморегулација – научија едноставни, но ефективни начини за справување со стрес, анксиозност и импулсивност;
  • Мотивација – преку вежби за откривање на лични вредности и цели, добија увид во тоа што ги движи и инспирира;
  • Емпатија – слушање без осуда, препознавање на чувства кај другите и градење поврзаност;
  • Социјални вештини – преку тимски предизвици и комуникациски игри, ја јакнеа довербата и соработката.

Многу од девојките изразија благодарност што имале простор каде што можат отворено да зборуваат, да се слушаат една со друга и да вежбаат емоционална храброст. Работилницата не беше само едукативна – таа беше емотивна, охрабрувачка и ослободувачка.

Благодарност до сите учеснички за нивната активност и креативност! Овие работилници се само дел од процесот на оформување на млади девојки-лидерки, подготвени да препознаваат предизвици и да иницираат промени во заедницата во која живеат.

ОЖОСВН со голема посветеност ја спроведува програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата“, која има за цел да ги мотивира, охрабри и подготви младите жени за активна улога во општеството.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондација Kvinna Till Kvinna и Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен