Емоционална и телесна свесност со употреба на мајндфулнес техника: Преглед на телото

  • Почетна
  • ОЖО
  • Емоционална и телесна свесност со употреба на мајндфулнес техника: Преглед на телото

На 07 декември 2021 година во големата сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе, психологот психотерапевтка Елисавета Секуловска оддржа двочасовна работилница за членките на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни болести при ОЖОСВН.

Целта на оваа работилница беше учесничките да добијат психоедукација за корисноста од доживувањето на пријатните и непријатните емоции, како и искуствено да се поврзат со доживувањата во телото со употреба на мајндфулнес техниката ,,Преглед на тело“.

Низ интерактивен пристап со поставување на прашања за лични теми, како и со споделување на конкретни примери и размислувања, учесничките имаа можност да се поврзат со своите телесни и емоционални доживувања, но и да ги препознаат сопствените начини за справување со непријатните емоции. Најчест и најудобен стил е избегнување на непријатни емоции и доживувања, но ефектите од овој начин на справување најчесто се негативни: многу често се активираат потиснатите содржини во реални ситуации кога личноста прави нешто друго или личноста бегајќи од емоцијата, се брани со мислење (мислите надоаѓаат една врз друга) и најчесто тоа е катастрофирање, ,,што ако” размислување, и тн.

На крајот, учесничките си заминаа задоволни и исполнети со нови знаења и вештини за справување со позитивни или негативни емоции.

Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба против ракот на дојка – 2“ финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен