Организација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети НиколеОрганизација на жените на општина Свети Николе
+389 32 444 620
Свети Николе, Македонија

Креирана Програма за работа на ОЖОСВН за 2022г.

  • Почетна
  • ОЖО
  • Креирана Програма за работа на ОЖОСВН за 2022г.

Во периодот од 26 до 28 ноември, беше реализирана работилница за евалуација на работата на ОЖОСВН за 2021 година и програмско планирање односно креирање на Програма за работа за 2022 година. На работилницата, членовите на извршната канцеларија на ОЖОСВН, прво дискутираа за постигнувањата по сите стратешки цели во стратешкиот план за тековната година, а потоа ги евидентираа сите достапни податоци за секој индикатор од стратешкиот план. На овој начин се направи евалуација на работата за 2021 година.

Врз основа на овие информации, веќе одобрените проекти за наредната година, стратешкиот и акцискиот план на ОЖОСВН, потребите на целните групи и очекувани акции и активности за наредниот период, учесниците на работилницата продолжија со креирање на Програма за работа за 2022 година. Овој пристап на подготовка на Програма, ОЖОСВН го применува за прв пат и истиот се покажа како многу конструктивен, инклузивен и корисен, а после работилницата ОЖОСВН има креирано Програма за работа за 2022 година. Оваа програма покрај главните насоки и активности по кои ќе се движи ОЖОСВН во наредната година, содржи и индикатори, временска и финансиска проекција, како и проекција за оперативно функционирање на организацијата.

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен