Глобална иницијатива Ден на добри дела – Свети Николе 2024

Ден на добри дела!

За прв пат во Македонија! Април 2024 година!

МИСЛИ ДОБРО, ЗБОРУВАЈ ДОБРО, ПРАВИ ДОБРО!

Македонија се приклучува на глобалното движење за правење на добри дела!

Над 4.300.000 волонтери

Над 110 држави

Бескрајни бранови на правење добро

Ден на добри дела ги обединува луѓето низ светот за да прават добро за корист на другите и на целата планета. Од 2007 година, милиони луѓе од илјадници бизниси, непрофитни организации, училишта, семејства и индивидуалци учествуваат во правење добри дела преку организација и реализација на волонтерски и хуманитарни акции.

Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) е една од водечките волонтерски организации во нашата земја што го иницира, координира и организира првиот Ден на добри дела со различни активности, а Организација на жените на општина Свети Николе заедно со уште 5 други организации ја поддржува глобалната иницијатива Ден на добри дела.

Денот на добри дела ја промовира солидарноста и помагањето на ранливи и маргинализирани групи во општеството преку директно вклучување на волонтерите за правење на добро во своите локални заедници.

Волонтерите на ОЖОСВН  заедно со волонтерите на Црвен Крст Свети Николе се приклучија кон глобалната иницијатива Ден на добри дела 2024. Добрите дела и солидарноста нека бидат наша постојана порака за љубов и заедничка одговорност.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен