Во изминатиот месец тимот на ОЖОСВН посети три рурални средини и успеа да допре до повеќе од 300 жители од селата Црнилиште, Горобинци и Ерџелија, промовирајќи го нашиот проект „Здрави животни навики – благосостојба на умот и телото“. Овој проект ни овозможи да разговараме со жителите, да дознаеме како се чувствуваат и колку често одат на прегледи за своето здравје.
Во разговорите со жителите се појавија важни теми: многумина изразија потреба за повеќе информации за менталното здравје и неговата поврзаност со физичката благосостојба, како и за корисни совети за правилна исхрана и физичка активност во секојдневниот живот. Сакаме да помогнеме во креирањето на здрави заедници каде што секој има пристап до информации и ресурси за подобро здравје.
Нашата цел е да поттикнеме свест за важноста на редовната грижа за здравјето, одржувањето на балансот меѓу телото и умот и создавање навики што придонесуваат за подобро здравје. Заедно, можеме да го поддржиме здравјето на секој член на заедницата!
Овој проект е финансиски поддржан од Амбасадата на Франција во Скопје и ко-финансиран од Норвешка Амбасада и проектот Смарт балканс.