Инфлуенца ( Грип )

На 27.02 во Мала сала на локална смоуправа на Општина Свети Николе се одржа работилница со групата за самопомош на тема „Инфлуенца (Грип)“. Работилницата ја водеше доктор по семејна медицина Гордана Митева.

Целта на оваа работилница е да им овозможи на учесничките длабоко разбирање на основните карактеристики на инфлуенцата (грипот), вклучувајќи ги причинителите, симптомите, клиничката слика, компликациите, дијагнозата, третманот и мерките за превенција.

Во рамките на работилницата, учесничките имаа можност да се запознаат со вирусот што предизвикува грип – инфлуенцата, како и со различните типови на вируси кои можат да ја предизвикаат оваа болест. Ќе се истражуваат начините на пренос на вирусот, како и факторите кои го зголемуваат ризикот од инфекција.

Симптомите на грипот беа детално разгледани, со акцент на разликите меѓу грипот и други респираторни заболувања, како настинка. На учесничките им беше објаснето како да ги препознаат симптомите, како што се висока температура, болки во мускулите, умор, кашлица и болки во грлото.

Превенцијата на грипот е  клучна тема, каде што учесничките научија за важноста на вакцинирањето, како и за други превентивни мерки како што се хигиенските практики (често миење на рацете), избегнување на контакт со болни лица, како и носење маски и останување дома кога се болни.

На крајот, учесничките  имаа можност да ги разменат своите искуства, да постават прашања и да дискутираат за најдобрите начини на заштита од инфлуенцата и превенција на ширењето на оваа болест.

Оваа активност е дел од проектот “ Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025“. Финансиски подржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен