Иницијативност и солидарност – моќ за промени

На 16.02. се одржа работилница на тема „Иницијативност и солидарност – моќ за промени“ во с.Иванковци, општина Велес, која беше водена од консултантката за родова еднаквост, Гордана Несторовска.

Самата работилница беше во форма на дебата и отворена дискусија, каде учесничките сами можеа да дојдат до решенија, идеи, заклучоци за тоа што здружени и заеднички можат да направат за да ја унапредат нивната положба во средината. Во сето тоа, едукаторката им помогна во изнаоѓање на соодветно решение за нивните проблеми и приоритетни потреби преку споделување на практични позитивни примери и процеси на реализирање на некоја иницијатива. Се разговараше за тоа што е граѓанска иницијатива и како да ја состават и поднесат до релевантните чинители, како да делуват во рамки на нивната месна заедница, како да формираат свое здружение итн.

На крајот од работилницата, учесничките беа мотивирани да се здружат и заеднички да настапат пред претседателот на месната заедница, но и да поднесат барања до релевантите институции во општина Велес за решавање на нивните тековни проблеми, како што се справувањето со кучиња скитници, патно поврзување со село Горобинци, редовно собирање на отпад, добивање дозвола за користење на простор за состаноци на жените итн. Се надеваме дека оваа мотивација ќе премине кон реализација, а ОЖОСВН е тука за овие жени да им пружаме целосна поддршка.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен