Иницијативност и солидарност – моќ за промени – работилница во с. Корешница

  • Почетна
  • Новости
  • Иницијативност и солидарност – моќ за промени – работилница во с. Корешница

На 26.12. се одржа работилница на тема „Иницијативност и солидарност – моќ за промени“ во с.Корешница, општина Демир Капија, која беше водена од Даниела Панева.

Самата работилница беше во форма на дебата и отворена дискусија, каде учесничките сами можеа да дојдат до решенија, идеи, заклучоци за тоа што здружени и заеднички можат да направат за да ја унапредат нивната положба во средината. Во сето тоа, едукаторката им помогна во изнаоѓање на соодветно решение за нивните проблеми и приоритетни потреби преку споделување на практични позитивни примери и процеси на реализирање на некоја иницијатива.

Mладите жени беа мотивирани да подготват  прашалник со цел да ги откријат потребите на младите во селото, бидејќи како што истакнаа во селото недостига простор каде што младите ќе можат да го поминуваат своето слободно време. Откако ќе го направат прашалникот, ќе имаат готови резултати кои ќе можат да му бидат презентирани на градоначалникот за да одговори на нивните потреби.

Се надеваме дека оваа мотивација ќе премине кон реализација, а ОЖОСВН е тука за овие жени да им пружаме целосна поддршка.

Оваа активност е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од Фондација Kvinna Till Kvinna, Шведска.

 

 

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен