Изборно Собрание на Организација на жените на општина Свети Николе

  • Почетна
  • Новости
  • Изборно Собрание на Организација на жените на општина Свети Николе

На ден 25.12.2023 година со почеток во 18 часот во салата на општина Свети Николе се одржа Изборното Собрание на Организација на жените на општина Свети Николе. На Собранието присуствуваа членови на Собрание, Управен и Надзорен одбор, членови и поддржувачи на здружението. Изборното Собрание го отвори и со седницата претседаваше Даниела Панева, актуелна претседателка на Здружението, на која и беше укажана доверба и даден трет мандат да го претставува и застапува здружението, кое континуирано постои и активно работи 33 години.

За време на Собранието, беа усвоени годишниот наративен и финансиски извештај за 2022 година, беше усвоена Стратегија за работа на ОЖОСВН 2024-2027 година, Годишната програма за работа за 2024, како и неколку организациски документи за унапредување на работата и поддршка на програмите. Вториот дел од собранието се соостоеше од избор/реизбор на нова раководна структура на здружението. Се избраа делегати во Собранието, членови на Управниот и Надзорниот одбор, а Претседателката Даниела Панева, беше реизбрана за нов 4 годишен мандат. Управните тела опфаќаат различни поединци од локални институции, организации и најмногу членови на ОЖОСВН. Очекуваме дека овој нов состав ќе поттикне соработки корисни за нашите целни групи и конституенти.

Дополнително, вчера ОЖОСВН прослави 33 години постоење и активна работа. Сакаме да ја изразиме нашата благодарност до сите подржувачи, донатори, конституенти, за вашата поддршка во текот на овие 33 години. Вашата поддршка во нашата мисија беа сила зад нашите достигнувања и влијаније во заедницата.

Како што ја завршуваме оваа година и влегуваме во новата, ја потврдуваме нашата посветеност да им служиме на нашите заедници, да се залагаме за промени и да работиме неуморно кон подобар, поправеден свет. Ништо од ова не би било можно без вашата постојана поддршка и доверба во нашата мисија.

 

 

 

 

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен