Интегрирање на концептот на родова перспектива во локалните институции

  • Почетна
  • ОЖО
  • Интегрирање на концептот на родова перспектива во локалните институции

ОЖОСВН и оваа година продолжува со родово сензитивизирање на вработените во локалните институции. На 20 април се оддржа еднодневна обука за интегрирање на концептот на родова перспектива во локалните институции, на која учествуваа 17 претставници од различни институции во општина Свети Николе. Овие работилници се одлична можност, на едно место да се соберат претставници на различни локални институции од општина Свети Николе, кои директно или индиректно работат со различни целни групи и да се запознаат поконкретно со можностите и родовите аспекти кои треба да ги вклучат во нивната институција и секојдневната работа.

Концептот на обуката беше широко теоретски и строго практичен, така што учесниците можеа подобро да ги разберат клучните термини и процеси. Во вториот дел од работилницата, учесниците беа поделени во различна група и имаа задача да идентификуваат веќе постоечки практики во институцијата/организацијата од која доаѓаат, како и да планираат најмалку 5 потенцијални активности во рамките на организацијата и 5 активности кон заедницата што може да ги вклучат во нивната работа, а со цел да бидат родовосензитивни и да ги унапредат родовите аспекти во главните политики и нивната работа со и кон целните групи.

Генералниот впечаток на учесниците на работилницата беше дека е потребно повеќе вакви обуки, бидејќи покрај тоа што учат нови работи и стануваат родово посвесни, исто така, се запознаваат меѓусебно, споделуваат искуства и градат можности за соработка помеѓу самите институции присутни на вакви настани.

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен