Монодрама „Срам“ реализирана во Градско и Неготино

И оваа година продолживме со реализирање на настанот „Шепоти во огледалото“ уште во две општини, на 08.05 во општина Градско и 23.05 во општина Неготино.

Актерката Ангела Стојановска и овојпат успеа преку своите актерски способности и искрено раскажување на лични искуства за сопствениот срам од образовниот, социјалниот и професионалниот живот, вклучувајќи ги и стереотипите, дискриминацијата и потценувањата кои ги доживеала поради својот изглед, да  ја поттикне публика на размислување, да отвори простор за коментари и емоции, но и да донесе многу смеа на двата настани.

Публиката имаше можност да ужива во прекрасниот настан на актерката, а на крајот на самиот настан имаше можност да проба и од тортата што таа ја приготвуваше во текот на целата изведба, но и во овој дел имаа можност за неформално дружење и споделување на личните искуства.

Настанот „Шепоти во огледалото“ е дел од проектот „Јаки жени, ја јакнат заедницата III“ финансиски поддржан од фондацијата Kvinna Till Kvinna и Шведска.

 

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен