На 17,18 и 19 мај се одржа Националното дебатно првенство 2024! Ова беше 154 дебатен турнир во организација на #МОФ.
Во просториите на СУГС „Никола Карев“ – Скопје и Интернационалниот Универзитет – Еуропа Прима, над 50 тима од целата држава аргументирано се изразува, критички размислуваа и јавно говореа во трка за титулата – Национален дебатен шампион 2024!
Организација на жените на општина Свети Николе како локален МОФцентар со свои членови беше дел од овој настан.
Турнирот е организиран во рамки на проектот на USAID North Macedonia за медиумска писменост Media Literacy Project YouThink.