„Од инстаграм филтри и тик-ток видеа до училишните клупи“ е насловот на работилницата што се одржа на 1 ноември, 2021 година со почеток од 12:00 часот во големата сала при Општинската зграда во Свети Николе.
За врсничкиот притисок и родовите стереотипи во дигиталната ера говореше модераторката на настанот, Ана Василева – активистка и консултантка за родови прашања.
Целта на оваа трибина е младите жени и девојките од различен социјален статус да имаат знаења и подобро разбирање на женските човекови права и родовата еднаквост, со тоа што ќе ги препознаваат родовите стереотипи, како и улогата на жените и мажите во општеството, а се говореше и за тоа како се визуелизираат мажите и жените на социјалните медиуми.
На работилницата учествуваа триесетина девојки на возраст од 15 до 18 години, во соработка со локалните/општински основни и средни училишта.
Настанот, реализиран од Организација на жените на Општина Свети Николе, е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.