Одржана трибина на тема „Краток ум, долга коса“

На 1 ноември 2021 година, со почеток од 17 часот во големата сала на Општина Свети Николе беше реализирана трибина на тема „Краток ум, долга коса“, водена од Ана Василева – активистка и консултантка за родови прашања.

На трибината се говореше за родовите стереотипи и улогата на жената во општеството, со цел да се допре до повеќе жени да стекнат основно разбирање за родовите улоги, како и колку тие се прифатени во општеството и со какви родови стереотипи растеме и, на тој начин, сами ги воспитуваме идните генерации. Трибината беше од интерактивен карактер па, така, присутните жени имаа можност да поставуваат прашања и да развијат дебата.

Активноста е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен