Одржани работилници во с.Горобинци и с.Ерџелија на тема „Кардиоваскуларни болести“

  • Почетна
  • Новости
  • Одржани работилници во с.Горобинци и с.Ерџелија на тема „Кардиоваскуларни болести“

На 20.05.2025 година во 19:00 часот, во просториите на подрачното училиште во с. Горобинци, и на 21.05.2025 година во 18:00 часот, во просториите на ОУ „Даме Груев“ во с. Ерџелија, се одржаа едукативни работилници на тема „Кардиоваскуларни болести“. Работилниците беа водени од д-р Гордана Митева, специјалист по семејна медицина.

Содржина на работилницата

На почетокот, д-р Митева го објасни терминот „кардиоваскуларни болести“, кои претставуваат заболувања на срцето и крвните садови.

Потоа беа наведени најчестите типови на кардиоваскуларни болести:

  • Ангина пекторис – болка во градите поради недоволна снабденост на срцето со кислород.
  • Аритмија – нарушувања во нормалниот ритам на срцето.
  • Хронична срцева слабост – намалена способност на срцето да пумпа доволно крв.
  • Коронарна артериска болест (КАБ) – стеснување на артериите кои го снабдуваат срцето.
  • Срцев удар (инфаркт) – прекин на дотокот на крв до срцевиот мускул.
  • Хипертензија (висок крвен притисок) – постојано покачени вредности на притисокот.
  • Мозочен удар – оштетување на мозочните клетки поради недостаток на кислород.
  • Периферна васкуларна болест – стеснување на крвните садови, најчесто во екстремитетите.

Симптоми на кардиоваскуларни болести

Присутните беа информирани и за најчестите симптоми:

  • Болка, стегање или притисок во градите.
  • Болка, слабост или трнење во рацете или нозете.
  • Нелагодност во вратот, вилицата, грбот или рамената.
  • Краток здив.
  • Брзо заморување при активности.
  • Промени во срцевиот ритам.
  • Вртоглавица, зашеметеност или несвестица.
  • Отекување на екстремитетите.

Дијагноза

Заболувањата се дијагностицираат со лабораториски и инструментални тестови, како што се:

  • ЕКГ (електрокардиограм),
  • РТГ (рентген на граден кош),
  • Ехокардиографија,
  • КТ и МРИ снимања,
  • Срцева катетеризација и коронарна ангиографија.

Ризик-фактори

На работилницата беа потенцирани главните ризик-фактори:

  • Висок крвен притисок,
  • Висок холестерол,
  • Дебелина,
  • Дијабетес,
  • Недостаток на физичка активност,
  • Нездрава исхрана,
  • Пушење и алкохол.

Третман

Третманот зависи од видот и тежината на болеста и може да вклучува:

  • Промена на животен стил (здрава исхрана, вежбање, непушење, редукција на алкохол),
  • Медикаментозна терапија (лекови за притисок, холестерол, антикоагуланси),
  • Механички уреди (пејсмејкер, дефибрилатор),
  • Медицински интервенции (стентирање, бајпас операција, операција на залистоци).

Превенција

Се разви активна дискусија за превенцијата на болестите. Заклучокот беше дека најважниот чекор е промена на животниот стил:

  • Редовна умерена физичка активност (15–30 мин. дневно),
  • Намален внес на сол, шеќери и црвено месо,
  • Зголемен внес на овошје, зеленчук, риба, немасно месо, јаткасти плодови и растителни масла,
  • Одржување на нормална телесна тежина.

Овие навики се препорачуваат и за луѓе кои веќе имале кардиоваскуларен настан, како и за оние кои сакаат да го намалат ризикот.

Заклучок

Работилниците беа интерактивни и предизвикаа голем интерес кај присутните, кои поставуваа прашања од различни области.
Целта на работилниците беше учесниците да ги запознаат основните карактеристики на кардиоваскуларните болести: нивните симптоми, компликации, начини на дијагноза, третман и превенција.

Оваа активност е дел од проектот “Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка-2025, финансиски поддржан од Локална самоуправа на општина Свети Николе.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен