Одржани работилници за креирање на Програма за работа на неформалната локална мрежа за родова еднаквост

  • Почетна
  • Новости
  • Одржани работилници за креирање на Програма за работа на неформалната локална мрежа за родова еднаквост

На 4 и 11 ноември 2021 година, од 13 до 18 часот беа одржани работилници за креирање на Програма за работа на неформалната локална мрежа за родова еднаквост.


На работилниците, преку креирање на SWOT анализа се издвоија јаките и слабите страни на групата и институциите кои се дел од неа, како и потенцијалните закани и можности кои може да влијаат на работата на групата. Потоа, интерактивно, со работа во групи се дефинираа целите и се предложија акции и активности кои ќе бидат дел од Програмата за работа. Според Програмата, подобрувањето на положбата на жените во локалната заедница ќе се одвива преку кампањи за подигање на свеста, едукации/јакнење на капацитети, истражувања/консултации со жените на терен и застапување пред локалните институции на интересите на жените во различни области.

 

Дополнително, учесничките на работилниците заеднички одлучија групата да ја именуваат „НИКА“

(Независна, Истрајна, Креативна, Амбициозна) што, пак, е синоним за победа. „НИКА“ создава позитивни промено во општината и преку здружување и солидаризирање, креира родово сензитивна општина без дискриминација, каде што жените може да ги достигнат своите потенцијали и интереси.

Модераторка на работилниците беше Гордана Несторовска.

 

Оваа активност е реализирана од страна на Организација на жените на Општина Свети Николе, а е дел од проектот „Јаки жени ја јакнат заедницата 2“ финансиски поддржан од шведската Фондација Kvinna Till Kvinna.

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен