На 22.06.2021 година (вторник) со почеток од 18:30 ч., во амфитеатарот при ООУ „Кирил и Методиј“ Свети Николе се одржа работилница на тема „Одржување на менталното здравје после Ковид-19“.
Целите на оваа работилница беа:
– Препознавање на симптомите за нарушено ментално здравје;
– Заштита и чување на менталното здравје;
– Дестигматизација на менталните нарушувања;
– Упатување за можностите за стручен третман на менталните нарушувања.
Работилницата ја водеше психологот Емина Петкова.
Присутните дојдоа до заклучок дека новите предвидувања на светските истражувачи на јавното здравство говорат за нов бран на „вирус на ментални растројства“ како последица од Ковид-19 (поради повеќемесечната социјална и физичка изолација). Очекуваниот бран е во насока на анксиозни и депресивни нарушувања, болести на зависност (дрога, алкохол…), пост-трауматски стрес синдром и слично. Ова е состојба на „колективна/планетарна траума“ и, затоа, мораме да бидеме подготвени да одговориме на нарушеното ментално здравје на популацијата, и тоа, преку доволно активности на професионален кадар и јавна едукација за заштита. Состојбата на нашите граѓани и жените, воедно, на ментален план веќе подолго време, дополнително, е оптоварена со сите општествени транзиции низ кои минувавме. Сега, пред нас, имаме уште една висока планина за искачување. Затоа, задолжително треба да се обрне внимание на било какво ментално нарушување, вознемиреност или растројство и да се побараат совети, помош и поддршка од стручни лица.
Оваа активност е дел од проектот „Заедно во борба прорив ракот на дојка – 2“, финансиски поддржан од Општина Свети Николе