За проектот
Проектот „Здрави животни навики – благосостојба на умот и телото“ го спроведува Организација на жените на општина Свети Николе (ОЖОСВН). Проектот е финансиран од Француската амбасада во Скопје. Проектот има за цел да создаде трајно влијание врз здравјето и благосостојбата на девојчињата и жените во С.Македонија, поттикнувајќи култура на проактивна здравствена заштита и превенција.
Главна цел: Да се промовира подобра здравствена култура и да се подобри превенцијата кај девојчињата и жените во С.Македонија, поконкретно на териториjата на општина Свети Николе. Оваа цел на проектот ќе ја постигнеме преку три главни активности, и тоа:
1) Имплементација на едукативна и информативна кампања за девојки и жени од општина Свети Николе со настани во три поголеми рурални средини и градот Свети Николе
2) Реализирање на 2 едукативни трибини за подобро ментално и физичко здравје на девојките и жените
3) Онлајн кампања за грижа за сопственото ментално и физичко здравје која ќе се реализира со користење на различни маркетинг алатки.
Опис на главните работни задачи
- Планирање и спроведување проектни активности во координација со проектниот координатор, извршната канцеларија и лицето за комуникација;
- Oрганизација, логистичка поддршка и учество на активности и состаноци кои произлегуваат од проектот;
- Подготовка на проектни документи поврзани со реализација на проектните активности;
- Подготовка на извештаи за проектните активности, работни часови и месечни извештаи за ангажманот;
- Организација, имплементација и поддршка на останати активности на ОЖОСВН;
Потребни знаења и вештини на кандидатите
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Познавање англиски јазик;
- Вештини за административно работење;
- Способност за работа во тим и почитување на дадените рокови за извршување на доделените задачи;
- Познавање на работата на ОЖОСВН ќе се смета за предност;
- Членување во ОЖОСВН ќе се смета за предност;
- Завршено високо образование ќе се смета за предност;
- Волонтерско искуство или работно искуство во невладин сектор и/или на проекти ќе се смета за предност.
Услови за работа
- Позицијата е со ангажман на 30% од работното време или 12 часа неделно во канцеларијата на ОЖОСВН во Свети Николе;
- Позицијата опфаќа теренски активности кои може да бидат надвор од регуларното работно време на канцеларијата, а работните часови ќе бидат соодветно калкулирани во договорениот ангажман;
- Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за привремен ангажман за период од 5 месеци, почнувајќи од 1 август 2024
Начин и рок на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на womsvetinikole@yahoo.com со наслов на пораката „Ангажман за проектен асистент (име и презиме на апликантот)“, најдоцна до 25.07.2024 година. Пријавите што нема да пристигнат во овој рок и оние пријави што не содржат комплетна документација, нема да бидат земени во предвид.
Начин на селекција
По истек на рокот за аплицирање, комисија при ОЖОСВН ќе изврши селекција на кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе бидат повикани на интервју.
По завршување на процесот на селекција сите кандидати ќе бидат известени за исходот.
ОЖОСВН го задржува правото да не избере ниту еден од апликантите и/или да го продолжи повикот.
За дополнителни информации може да се обратите директно во канцеларијата на ОЖОСВН (Ленинова 1-1/4, Свети Николе) или на телефон 078 615 860 кај проектната координаторка – Стефанија Арсова.