Прегрнете го октомври со надеж и храброст.
Октомври не е само промена на лисјата ; се работи за промена на животи.
Ајде да ја подигнеме свеста, да покажеме поддршка и да ги зајакнеме жените кои се погодени од рак на дојка.
Носете розово со гордост: покажете ја вашата поддршка носејќи розова боја во текот на месецот и охрабрете ги вашите пријатели и семејството да се придружат.
Учи и споделувај: Споделувајте важни информации за раното откривање, превенцијата и важноста на редовните прегледи и не заборавајте редовно да правите само-преглед
Ширете љубов: Понудете помош, ислушајте ги. Љубовта е моќен лек.
Поддржете и инспирирајте: споделувајте приказни за жените кои ја победиле битката. Нивната сила може да не инспирира сите нас.
Запомнете, заедно можеме да направиме разлика, превенцијата е клучна, а поддршката во оваа битка важна.
Да го направиме октомври месец на свесност, самогрижа и солидарност!
Оваа активност е дел од оперативниот грантот на ОЖОСВН од програмата СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој е имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ), финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.