Организација на жените на општина Свети Николе АНГАЖИРА Фасилитатор/ка за 5 еднодневни работилници за Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе (1 лице)

  • Почетна
  • Новости
  • Организација на жените на општина Свети Николе АНГАЖИРА Фасилитатор/ка за 5 еднодневни работилници за Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе (1 лице)

Организација на жените на општина Свети Николе

АНГАЖИРА

Фасилитатор/ка за 5 еднодневни работилници за

Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет на општина Свети Николе (1 лице)

 

Организација на жените на општина Свети Николе објавува повик за ангажирање на 1 лице во рамки на проектот „Вклучени млади, силни заедници“, финансиски поддржан од Коалиција на младински организации СЕГА.

Проектот има за цел да придонесе кон креирање на овозможувачка околина за активно вклучување на младите во локалната заедница, или поспецифично да се воспостават услови за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики во општина Свети Николе.

Во рамките на овој проект, ОЖОСВН во периодот Април- Мај 2023 година ќе се реализираат работилници „Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет“. Работилниците се наменети за млади од Свети Николе (на возраст од 15 – 29 години) и има за цел актуелниот Локален младински совет на општина Свети Николе и потенцијални нови членови – млади да стане поактивен и функционален и да се зајакне неговата улога во заедницата.

За потребите на оваа активност, Организација на жените на општина Свети Николе има потреба од:

ангажирање ФАСИЛИТАТОР/КА за пет еднодневни работилници кои треба да ги опфатат следниве теми и процеси: ревидирање на процесите за избор на Локален младински совет и унапредување на транспарентноста на истиот (критериуми, апликација, мотивационо писмо итн.), формирање на независно тело за избор на членови на ЛМС, изработка на Деловник за работа и План и програма за работа на ЛМС.

 

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

– Изработка на материјали за работилниците;

– Изработка на агенда за работилниците;

– Спроведување на работилниците;

– Изработка на извештај по спроведените работилници;

– Финализирање на произлезените документи од работилниците.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Кандидат(к)ите треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:

– Најмалку 5 години професионално искуство со млади;

– Најмалку 3 години искуство во спроведување тренинзи/обуки (во соодветната област);

– Познавање на Законот за младинско учество и младински политики и запознаеност со политичкиот контекст во државата, особено во областа на младите;

– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;

– Соодветни организациски и презентациски вештини со иницијативен и динамичен пристап;

– Проактивност и професионалност;

 

Како да се пријавите?

За да се пријавите, Ве молиме да доставите:

– CV – кратка биографија

– Листа на слични реализирани тренинзи на темата и/или за млади

– Методологија за реализација на тренингот Пријавата треба да ја пратите по електронска пошта на womsvetinikole@yahoo.com, со предмет на пораката: ОГЛАС ЗА АНГАЖМАН – ФАСИЛИТАТОР/КА- Подобрување на функционалноста и работата на Локалниот младински совет

Рокот за пријавување е заклучно 06 април 2023 година. Само кандидатите кои ќе ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и по потреба ќе се организира интервју/онлајн состанок.

 

Повеќе информации на:

+389 32 444 620

+389 78 938 764 (Елена Трајкова, проектна координаторка)

www.womsvetinikole.org.mk

womsvetinikole@yahoo.com

Е-билтен

Пријавете се на Е-билтенот за да ги добивате најновите информации во врска со ОЖО Свети Николе.
Затвори
Е-билтен